Свечено отворање на СН СООБРАЌАЕН ЦЕНТАР

Средата , нa 19.06.2019 свечено со огномет, сечење лента и концерт на единствената Каролина Гочева беше отворен новиот СН Сообраќаен центар во Битола кој се наоѓа на Новачки пат.
Новиот мултинаменски центар вклучува: станица за технички преглед, автоматска перална за лесни и тешки возила, автомеханичарски и вулканизерски сервис, договорна пошта, хотел за гуми, автосалон и овластен сервис на TOYOTA, автосалон на FORD, тобако и кафетерија. Во рамките на центарот се наоѓа и aдминистративна зграда во која се сместени канцелариите на Финансиско друштво „СН Финансии“, Туристичка агенција „ЈК Травел“, „Webiart Solutions“ – дигитален маркетинг и веб-софтверски решенија.

Првите посетители на СН Сообраќаен Центар беа децата од градинките “Пролет“ и “Бонбончиња“ кои рецитираа песнички и имаа можност да се забавуваат со кловнот додека се запознаваат со услугите кои ги нуди овој центар.
СН Осигурителен Брокер додели ваучер во вредност од 500 евра на градинката ЈОУДГ Естреја Овадија Мара, за бела техника.
По повод големото отворање, во рамките на центарот е поставена и мерна станица – сензор, донација од компанијата „СН Осигурителен Брокер“ АД Битола која, потврдувајќи го уште еднаш своето општествено одговорно делување, ја поддржаа платформата „ЗЕМИ ЗДИВ“ за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух и со оваа донација даде свој придонес кон истата. Оваа мерна станица е во близина на државната мерна станица Битола 1 и ќе им овозможи на граѓаните на Битола, во секое време, да бидат информирани за квалитетот на воздухот.

Оние кои беа присутни на свеченото отворање имаа можност да уживаат во 70 минутниот музички времеплов со песните на Каролина Гочева, а заедно со неа во еден глас ги пееа нејзините хитови. Во забавниот дел настапи и група Фонтана.
Овој центар цели да стане синоним во Пелагонискиот регион за квалитетна и брза услуга за сите свои дејности.