А – Тест
Дел од услугите на техничката служба на СН Сообраќајниот центар се A-тест за преправки на моторните возила и одобрување на возила со дополнително вградени уреди кај моторните возила.
- Возило на кое е надградена каросеријата, односно е извршено доопремување со соодвети уреди, со што се преправа од еден во друг вид, варијанта или изведба (на пример од товарно во патничко возило, од отворено во затворено и слично)
- Возило на кое е реконструирана постоечката каросерија во однос на димензиите, конструкцијата или материјалите од кои е изработено, при што не го менува видот, варијантата или изведбата.
- Возило на кое е променета кабината со кабина од друга изведба, а од ист или друг произведувач, или пак на кое кабината е реконструирана во однос на изведбата на бројот на седишта или легла.
- Возило на кое е променет бројот на седишта или пак е променета насоката на поставеност на седиштата.
- Возило на кое е извршена промена на самоносечката каросерија, односно носечката рамка.
- Возило на кое е преправен издувниот систем
- Возило на кое се преправени или дополнително вградени уреди за осветлување и сигнализација, на места кои не се предвидени од производителот.
- Возило на кое се променети некои од димензиите во однос на матичната изведба.
- уред за погон на возилото на компримиран или течен нафтен гас (LPG и CNG)
- заштитни фолии и затемнети стакла
- дополнителни команди за управување од лица со посебни потреби
паралелни команди за возила за обука на возачи. - уред за спојување на влечно со приклучно возило (приклучен уред)
дигалка, пумпа за преточување, платформа за натоварување и расповарување, влечно витло и слично. - разладен уред (ладилник)
- резервоар за погонско гориво
- уред за чистење на снег или земја, расфрлување на сол или песок
- држачи за резервно тркало вградени на надворешната страна на возилото
- штитници и брисачи за светла и светлосни уреди