Хомологација
Согласно со актуелниот закон за возила и подзаконските акти произлезени од него, Хомологација претставува постапка за оцена и потврдување дали некое возило во целост или некој негов дел или опрема( уредите кои се важни за безбедноста на возилата и уредите од кои зависи еколошкиот квалитет) одговара на ЕСЕ регулативите и директивите ЕЕС.
Уреди кои се проверуваат и испитуваат при хомологација се: уреди важни за активна безбедност на возилото(светла, управувачки механизам, кочници, пневматици итн); уреди за пасивна безбедност на возилото (безбедносни појаси, седишта за деца, внатрешна опрема итн); уреди за општа безбедност како зашта од неовластена употреба и уреди за еколошки квалитет на возилото ( токсична емисија на гасови, радиофреквенции, бучава итн).
Во тек се активности со кои техничката служба на СН Центарот ќе го прошири своето поле на дејствување а се со цел да бидеме поблиску до потребите на нашите клиенти како и за поставување на систем со кој побрзо, постручно и поефикасно ќе се спроведуваат пропишаните постапки.
Па така постојат повеќе постапки преку кои всушност започнува процесот за регистрација на нови и половни возила увезени од странство, и тоа:
Според Правилникот за идентификација и за идентификација и оценка на техничката состојба на возилата, постапката за идентификација и оцена на техничката состојба на возилата се спроведува за:
- нови возила за кои типот е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип, како и за
- возила за кои типот е одобрен во Република Македонија, а за конкретното возило странката нема обезбедено потврда за сообразеност издадена од застапникот на производителот во Р.Македонија.
Во случај кога во постапката на идентификација и оцена на техничката состојба се утврди дека возилото е преправено или поправено, постапката се прекинува, а одобрувањето на возилото продолжи со испитување и одобрување на соодветниот вид на преправ
При позитивно извршена постапка за идентификација или позитивно извршена постапка за идентификација и оцена на техничката состојба за возилото се издава Согласност за регистрација.
Постапката за идентификација на возилата се спроведува во рокови и за возила утврдени со член 24 од Законот за возила.
- Меѓународни и меѓудржавни организации – за службено користење
- Дипломатски и конзуларни претставништва на други држави во Република Македонија – за службено користење
- Дипломатски и конзуларни лица вработени во странските претставништва во Република Македонија и членовите на нивните потесни семејства – за приватно користење
- Државјани на Република Македонија кои се враќаат од постојана или привремена работа или престој во странство, доколку биле во странство најмалку една година без прекин
- Странски државјани на кои им е издадено одобрение за привремен или постојан престој во Република Македонија
- Хуманитарни организации за извршување на нивните хуманитарни работи и
- Возила кои пред повторното внесување во Република Македонија, еднаш биле регистрирани во Република Македонија.
Постапката за единечно одобрување на возило се спроведува за сите нови или половни возила за прв пат увезени во Република Македонија а за кои досега не е издадено типско одобрение од органот за одобрување на Република Македонија, односно од Бирото за Метрологија на Република Македонија.
При ова постапка низ практична проверка на возилото се утврдува дали возилото во моментот на увоз, односно преглед е во истата состојба во која било при излегување од фабриката. Ова значи дека треба да се утврди дали возилото во моментов ги исполнува сите технички барања и услови кои ги исполнувало кога ја напуштило фабриката. При тоа е потребно за возилото да се достави документ од кој јасно ке се види кои стандарди треба да ги исполни возилото, односно кои стандарди возилото ги исполнувало со оодбрениот тип.
При постапката за единечно одобрување на возилото потребно е да се приложат копии од следниве документи за возилото од оригиналите кои се доставуват на увид:
- Странска сообраќајна дозвола,
- Доказ за платени царински давачки,
- Потврда за техничките карактеристики на возилото.
Странската сообраќајна дозвола е документот со кој возилото е користено во сообраќајот во земјата од каде доаѓа, доказ за платени царински давачки е најчесто царинската декларација на која се впишани сите царински броеви и датуми. Посебно интересна во овој контекст е потврдата за технички карактеристики за возилото која начелно може да биде од повеќе извори кои се прифатени од органот за одобрување (Бирото за метрологија). Во овој момент извори прифатливи за Бирото за метрологија се следниве: производителот на возилото, Овластен претставник, застапник или импортер на возилата од тој производител во Република Македонија или независна институција која е во состојба да даде потврда за техничките карактеристики (во моментов тоа e TUV Munchen и TUV Rheinland).
По изврениот преглед согласно законските одредби техничката служба изготвува технички извештај врз основ на кој Органот за одобрување (Бирото за метрологија) издава единечно одобрение за прегледано возило во постапката за единечно одобрување на возило.
Со последните измени и дополнувања на правилникот за единечно одобрување на возило (Сл.весник бр 13/2011 од 4 Февруари 2011) се уредува и одобрувањето на возила увезени од САД. За овие возила покрај сообраќајна дозвола, доказ за платени царински давачки потребное да се достави и извод од United States Environmental Protection Agency од кој ќе се види дека возилото го задоволува американскиот стандард за емисија на издувни гасови Tier 2 од 1999 година. Согласно законот сите возила кои се одобруваат според оваа постапка треба да бидат произведени во Соединетите Американски Држави.
По издавањето на единечното одобрение техничката служба издава Потврда за сообразност со која возилото се упатува на технички преглед и регистрација.
- Единечно одобрение
- ЕПА Сертификат
- Потврда за сообразност
- USA Собраќајна