Регистрација и Технички Преглед

Регистрација и Технички Преглед

Регистрација

ПРВА РЕГИСТРАЦИЈА

Потребни документи:

  • Барање за регистрација
  • Фактура за купопродажба
  • Царинска потврда и царинска декларација
  • Хомологација
  • Лична карта и сопственикот лично
  • Овластување за регистрација (правни лица)

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РЕГИСТРАЦИЈА

Потребни документи:

  • Барање за регистрација
  • Сообраќајна дозвола
  • Лична карта и сопственикот лично
  • Овластување за регистрација (правни лица)

ТЕХНИЧКА СЛУЖБА ЗА ВОЗИЛА ГИ ДАВА СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

  • Идентификација и идентификација и оценка на техничката состојба
  • Единечно одобрување на возила (“Хомологација”)
  • Одобрување на преправени и поправени возила (“Атести”)
  • Евидентирање на промени кај возила
  • Сертифицирање на возила за превоз на опасни материи (“ADR”)
  • Сертифицирање за подготвеност за сообраќај (“CEMT”)
  • Потврда за исполнување на техничко експлоатациони услови (“ПТЕУ”)
Закажете регистрација
Се согласувам со условитеНе се согласувам со условите

Цел на дознака Број на жиро сметка Шифра Депонент
СН Сообраќаен Центар ДОО
Технички преглед услуга
210072777680188 - НЛБ Тутунска банка
ЈП за Државни патишта
Надомест за патишта - СН Центар (93)
270593000000095 - Халк банка
Министерство за финансии
Комунална такса
100000000063095 840-xxx-03273
717115-00
НБРМ
Министерство за финансии
Надомест за животна средина
100000000063095 1210115202-631-10
724149-C1 (S1)
НБРМ
Министерство за финансии
Буџет на С.Р.М.
100000000063095 840-103-06212
724134-00
НБРМ
ОО на Црвен Крст - Битола 300000004365036 - Комерцијална банка
РСБС - Скопје 300000002200869 - Комерцијална банка
Министерство за финансии
Административна такса
100000000063095 840-xxx-03161
722313-00
НБРМ

Регистрирајте го возилото НА РАТИ БЕЗ КАМАТА

Технички Преглед

Според законот за возила СН Технички Преглед  е правно лице овластено од МВР за извршување на технички преглед на сите видови возила.

УБАВО Е КОГА НЕКОЈ Е СЕКОГАШ НА ВАША СТРАНА!

ПОСТАПКА НА ВРШЕЊЕ ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД:

Техничкиот преглед на возилото го вршат двајца контролори едновремено , од кои едниот е во возилото и управува со истото, а другиот ја спроведува постапката на техничко испитување на возилото. Сопственикот, односно носителот на правото на користење на возилото доколку сака може да го следи техничкиот преглед што се врши над возилото. Техничкиот преглед ќе се изврши само ако возилото е чисто, обоено и нема видни оштетувања на каросеријата. Вообичаено техничкиот преглед се врши на празно возило оптоварено само со контролорот што го управува, односно возачот и контролорот и задолжителната опрема, со исклучок на техничкиот преглед на исклучено возило од сообраќај поради техничка неисправност кој може да се врши и на натоварено возило (вонреден технички преглед). Постапката за вршење на технички преглед се одвива во неколку фази утврдени со Правилникот за вршење на тех нички преглед на моторни и приклучни возила, трактори и земјоделски трактори .

Резервирајте Технички преглед
Се согласувам со условитеНе се согласувам со условите

На техничкиот преглед, пред да се пристапи кон проверување на техничката исправност, се утвредува дали податоците (ознаки за идентификација) на возилото одговараат на податоците што се впишани во сообраќајната дозвола.

Идентификацијата на возилото опфаќа:

  • проверка на бројот на шасијата (VIN – код)
  • проверка на типот и бројот на моторот
  • проверка на табличката од производителот
  • проверка на бојата на возилото
  • проверка на регистарските таблички

Димензиите, масените вредности и другите поважни технички податоци се утврдуваат со увид во документацијата за потекло на возилото, сообраќајната дозвола или во признат каталог на технички податоци. Во случаите кога возилото е поединечно произведено, односно увезено или преправано во однос на претходната изведба, техничките податоци се утврдуваат од УВЕРЕНИЕ издадено од овластена организација за испитување на возила, кое сопственикот на возилото треба да го приложи при вршење на техничкиот преглед. Во случаите кога во возилато дополнително е вграден уред за течен гас (плин) или друг уред суштествен од аспект на безбедноста во сообраќајот, како и возилата за кои се непознати или се неточни техничките податоци потребни при вршење на технички преглед, сопственикот на возилото треба да поседува ПОТВРДА издадена од овластена организација за испитување на возила. Во случаите кога возилото е наменето за превоз на опасни материи, сопственикот треба да поседува СЕРТИФИКАТ за извршено испитување од овластена организација за испитување на возила.

  • изводот на издувната цевка е поставен во пропишаниот правец
  • уредот како целина е во исправна состојба
  • концентрацијата на штетни состојки во составот на издувните гасови е во пропишаните граници

При преглед на оските, тркалата и пневматиците се проверува дали:

  • возилото ги има сите оски и дали истите се исправни и неоштетени
  • на возилото се наоѓаат сите предвидени тркала и дали се деформирани од удар или од други причини
  • на тркалата се вградени пнавматици со пропишани димензии
  • пнeвматиците на тркалата на иста оска се исти по вид, носивост и димензии
  • пневматиците се истрошени во поголема мерка од дозволените вредности или се оштетени на било кој начин

При преглед на оските, тркалата и пневматиците се проверува дали:

  • врските помеѓу тркалата и рамот односно каросеријата не се оштетени или разлабавени
  • тркалата на своите ракавци или полувратила се правилно поставени и осигурани и дали немаат поголеми зјаеви од дозволените
  • елементите на еластичниот систем се добро прицврстени за своите носачи, дали се механички оштетени, дали исправно функционираат односно дали влијаат на стабилноста на возилото

При преглед на каросеријата односно самоносечката конструкција особено се проверува дали:

  • каросеријата односно самоносечката конструкција и нивните врски заковки, завртки, навртки и места што се заварени не се деформирани или оштетени во таа мерка да постои опасност од кршење
  • рамот или носечкиот дел на конструкцијата не ја изменил формата, не е преправен заради зголемување или намалување на товарниот простор или од било кои други причини

При преглед на уредот за управување се проверува дали:

  • деловите и склоповите на механизмот за управување добро се зацврстени
  • деловите и склоповите на уредот за управување се неоштетени или нестручно се поправени
  • се исправни и осигурани со расцепка зглобовите на споните и лостовите кои го поврзуваат управувачкиот механизам на тркалата
  • Слободниот од на тркалото на управувачот е во дозволени граници;
    сите елементи и делови на серво-уредот за управување се исправни, а посебно дали се оштетени или ослабени цевките и цревата
  • уредот како целина исправно функционира.

Слободниот од на тркалото на управувачот на возилото се проверува со рака или со помош на агломер и не смее да биде поголем од 300.

При преглед на влечниот уред за спојување на влечно и приклучно возило се проверува дали:

  • е изведен и поставен на пропишан начин и дали е неоштетен и поправан
  • оската на влечниот уред за спојување со помош на која се спрегнува возилото има осигурувач кој оневозможува при нормална употреба раздвојување на спрегнатите возила.

Во случаите кога влечниот уред дополнително е вграден на возилото, сопственикот мора да поседува ПОТВРДА издадена од овластена организација за испитување на возила.

При преглед на моторот се прверува дали:

  • Mоторот е добро прицврстен на своите држачи и дали елементите за врска се исправни и неоштетени
  • Mоторот е комплетен – дали ги има сите агрегати за определена погонска енергија
  • Моторот при работа создава бучава поголема од дозволената
  • Моторот при работа ги задоволува пропишаните услови во однос на загадувањето на атмосферата

При преглед на погонските уреди се проверува дали:

  • сите уреди за пренос на силината од моторот до погонските тркала се исправни, неоштетени и добро прицврстени на своите држачи
  • врските помеѓу одделни уреди за трансмисија (главна спојка, менувач, карданско вратило, погонски мост) се неоштетени и добро зацврстени.

При преглед на светлосните и светлосно-сигналните уреди се проверува дали:

  • На возилото се вградени само пропишани светла и дали се поставени на пропишан начин
  • Бојата, бројот, положбата и јачината на светлосните уреди се во согласност со постојните прописи
  • светлата се меѓусебно поврзани на пропишан начин и дали функционираат исправно
  • светлосниот сноп на собореното светло и светлосниот сноп на големото светло е со соодветен интензитет и правилно насочен така да го осветлува патот на пропишан начин
  • стаклото на фарот е неоштетено и сферното огледало е без механички оштетувања, корозија и доволно сјајно
  • на возилото постојат светлосни уреди , чие поставување не е дозволено.

При преглед на контролните и сигналните уреди се проверува дали на возилото се вградени сите светлосни и звучни уреди кои за пооделни видови возила се пропишани – брзиномер со патомер, тахограф, сигнализатор за контрола на работата на покажувачот на правецот, контролна ламба за големото светло, покажувач на расположливиот притисок на пневматскиот или хидрауличниот уред за сопирање и дали функционираат исправно, а за тахографот се бара и потврда за извршен преглед на точноста и жигосување од овластена организација.

При прегледот на уредот за давање на звучни сигнали се проверува дали:

  • Возилото има уред што функционира исправно
  • Дава звук со интензитет и дали се вградени други уреди што не се пропишани
  • Посебниот уред за давање на звучни сигнали, ако е пропишан, дава звук со низа тонови со променлив интензитет
  • Командата за вклучување е поставена на пропишано место.

Како уреди што овозможуваат нормална видливост во сообраќајот на патот, се подразбираат:

  • ветробранот и надворешните прозорски окна на кабината и на каросеријата
  • бришач на ветробранот
  • перач на ветробранот
  • возачко огледало.

При преглед на уредите што овозможуваат нормална видливост се проверува дали:

  • ветробранското стакло и другите застаклени површини на возилото се изработени од сигурносно стакло и дали добро се зацврстени во своите лежишта
  • застаклените површини се доволно провидни, неоштетени и дали покажуваат значителни деформации на предметите што се гледаат преку нив
  • возилото има брисачи, перачи и одмаглувачи на ветробранското стакло кои функционираат правилно
  • на возилото постојат пропишани огледала на соодветни места кои се прицврстени на пропишан начин.

Ветробранот мора да ги исполнува следните услови:

  • да е изработен од материја што е доволно проѕирна, чија проѕирност не се менува
  • да не покажува никаква позначителна деформација на предметите што се гледаат низ него
  • во случај на прскање да ја задржи проѕирноста што на возачот му е потребна да го продолжи сигурното возење до запирањето на возилото.

При преглед на уредот за сопирање особено се проверува дали:

  • возилото има соодветен уред за сопирање
  • деловите на уредот за сопирање се добро прицврстени, неоштетени, преправени или на било кој начин сменети, како и дали инсталацијата добро е затворена и не го испушта работниот флуид
  • работната, помошната и паркирната кочница се комбинирани на пропишан начин
  • деловите на уредот за сопирање – работна, помошна и паркирна кочница ги задоволуваат пропишаните услови за забавување односно на кочниот коефициент и силата на активирање на командите
  • забавувачот, ако е пропишан, постои на возилото и функционира исправно
  • падот на притисокот на работниот флуид во пневматскиот преносен механизам при пропишаниот број на закочувања ги надминува дозволените вредности
  • разликата на силата и кочењето на тркалата од иста оска е во дозволената граница
  • уредот за сопирање како целина функционира исправно

Димензиите, масените вредности и другите поважни технички податоци се утврдуваат со увид во документацијата за потекло на возилото, сообраќајната дозвола или во признат каталог на технички податоци. Во случаите кога возилото е поединечно произведено, односно увезено или преправано во однос на претходната изведба, техничките податоци се утврдуваат од УВЕРЕНИЕ издадено од овластена организација за испитување на возила, кое сопственикот на возилото треба да го приложи при вршење на техничкиот преглед. Во случаите кога во возилото дополнително е вграден уред за течен гас (плин) или друг уред суштествен од аспект на безбедноста во сообраќајот, како и возилата за кои се непознати или се неточни техничките податоци потребни при вршење на технички преглед, сопственикот на возилото треба да поседува ПОТВРДА издадена од овластена организација за испитување на возила. Во случаите кога возилото е наменето за превоз на опасни материи, сопственикот треба да поседува СЕРТИФИКАТ за извршено испитување од овластена организација за испитување на возила.

При преглед на останатите уреди и делови во зависност од видот на возилото, особено се проверува дали:

  • не се ставени рекламни натписи и табли на предната и задната страна на возилото
  • отворот на налевката за полнење на резервоарот со гориво се наоѓа на пропишано место и дали има затворач (не смее да се наоѓа во просторот за возачот или во просторот за патниците)
  • бравите на вратите се исправни (мораат да бидат двостепени и врадени и изведени така што вториот степен на бравата да спречува отворање на вратата, ако таа не е потполно затворена)
  • наслонот на предното седиште има пропишани осигурувачи
  • дали во патничките автомобили има приклучоци за врзување на сигурносни појаси најмалку за првиот ред на седишта како и вградени сигурносни појаси
  • наслоните за глава во патничките автомобили се вградени за седишта кои имаат сигурносни појаси
  • е извршено баждарење (жигосување) на тахографот, што се докажува со потврда
  • ако постои украсна фигура на горната површина на предниот дел на возилото, таа мора да биде еластично прицврстена за возилото.

При преглед на опремата на возилото се проверува дали истото е опремено со пропишаната опрема и дали истата е во исправна состојба.

Во моторните и приклучните возила мора да постои следната опрема, и тоа:

  • резервно тркало – освен во мотоциклите,моторните возила на три тркала, тракторите, тракторските приколки, приколките со еднократна оска и едноосните приколки, автобусите за градски и приградски сообраќај и возилата наменети за комунални услуги (за миење и чистење на улици, одвезување на ѓубре и фекалии и др.)
  • апарат за гаснење на пожар – освен во патничките автомобили во кои не се врши јавен превоз на лица во сообраќајот на патиштата, мотоциклите, моторните возила на три тркала и тракторите
  • триаголник – стандардизиран знак за обележување на возило запрено на коловозот на патот, освен во мотоциклите без бочна приколка
  • два триаголника мораат да постојат во товарно возило и автобус – ако влечат приклучно возило и во моторно возило што се наоѓа на крајот на колоната – ако моторните возила се движат во организирана колона
  • кутија за прва помош – освен за мотоциклите со работна зафатнина на моторот до 50 cm3
  • две клинести подлошки – за возила чија најголема дозволена маса преминува 5 t
  • чекан за разбивање на стакло во автобусите
  • резервни сијалици – освен во мотоцикл, трактор и автобус за градски и приградски сообраќај и тоа: резервни сијалици најмалку за половина од сијаличните места на удвоените уреди за осветлување на патот и за давање светлосни знаци и по една сијалица за неудвоените сијалични места за кои е можна замена само на сијалици
  • јаже или лост за влечење
  • зимска опрема – пневматици за зимска употреба (М+Ѕ) на погонските тркала, односно радијални пневматици на сите тркала, или пневматици со летен профил ако возилото во приборот има синџири за погонските тркала, а како зимска опрема на автобуси и товарни возила се подразбира уште и лопата.

Уредите и опремата што се вградуваат во возилата мораат да бидат од одобрен тип (хомологирани) според важечките нормативи за одделни видови на тие уреди и опрема.

Дали сакате да ги користите нашите услуги?