СН Осигурителен Брокер

СН Осигурителен Брокер АД Битола e Акционерско Друштво кое има дозвола од Агенцијата за супервизија на осигурување како орган на министерството на финансии. Дозволата на друштвото е за вршење на осигурително брокерски работи под број УП 07-2-1044 од 13.10.2014 година. “СН Осигурителен Брокер АД Битола” има покритие од одговорност од дејност на 2.500.000,00 евра. “СН Осигурителен Брокер АД Битола” е основано од акционери кој се докажани претприемачи и двајца експерти кои ја вршат функцијата на Брокери и Извршни Директори. Во СН Осигурителен брокер се вработуваат млади лица кои ја сакаат работата во финансиите и пожртвувано работат за подобра и подобра услуга на клиентите.

УБАВО Е КОГА НЕКОЈ Е СЕКОГАШ НА ВАША СТРАНА!

Наша мисија

Нашата мисија е беспрекорен квалитет на услуга и постојано усовршување,
максимална посветeност и отвореност за соработка со нашите клиенти, доверба и
почит кон соработниците и клиентите, етика и морал во однесувањето и работењето,
интегритет и фер-однос на секое поле. Ние го цениме професионализмот и ја
развиваме компетентноста на нашите вработени.
Секогаш сме тука да го поддржиме и да му помогнеме на нашето големо семејство кое
секојдневно расте и се развива заедно со нас, семејство во кое најважни вредности се довербата и искреноста.

Наша визија

Нашата визија е развивање на свеста дека осигурувањето е потреба, безбедна и сигурна инвестиција, а не трошок.
Преку почитување на највисоките етички стандарди и задоволување на барањата, потребите и очекувањата на нашите клиенти на највисоко ниво, да ја преземеме лидерската позиција меѓу брокерските друштва на осигурителниот пазар во Македонија. Секојдневното работење и животот носат многу непредвидливи ризици.
Затоа сме ние тука, да Ви го понудиме најсоодветното осигурително решение, нудејќи ги сите видови на осигурување.

Дали сакате да ги користите нашите услуги?