Продажба/Промена на гуми

Продажба/Промена на гуми

На Македонскиот пазар, СН Центар е познат по својот квалитет во продажба и монтажа на пневматици од светските познати брендови Michelin, BFGoodrich, Тigar, Bridgestone и Dayton. За успешно да се задоволат желбите и потребите на своите потрошувачи, се отвори и сервис за монтирање и балансирање на патнички и на полутоварни гуми. Со отворање на новиот центар, воведени се новини по стандардите на Michelin.

michelinnn logo
bridgestoneee logo
logo tigar
bfgood

Постојат одредени правила:

  • За секое возило се изготвува работен налог,
  • Се забележуваат податоци за состојбата на гумите,
  • Се врши нивна контрола и
  • Потрошувачите навремено се известуваат да ги променат гумите според: временските услови и како да ги одржуваат гумите на своите возила.

Нашата цел е да се зголеми безбедноста во сообраќајот, а гумите претставуваат нашиот единствен контакт помеѓу автомобилот и патот.

Гаранција:

  • Гарантен рок 1 години за секоја купена гума.

Рекламација се признава во следните случаи:

  • Доколку од датумот на купување не поминало повеќе од 1 години.
  • Доколку купувачот се придржувал кон технничките упатства на производителот и
  • доколку гумата не е поправана или протектирана.

Рекламација не се признава:

  • Ако гумата е оштетена од удар во дупка или тротоар или е исечена со остар предмет

Понуда на гуми:

  • Авто гуми – патнички
  • Џипови 4х4 – теренски
  • Пневматици за полутоварни возила
  • Пневматици за камиони и автобуси

Промена и монтажа на пневматици НА РАТИ БЕЗ КАМАТА

Вулканизерски услуги:

  • Промена и балансирање на гуми и бандажи.
  • Поправка на гуми (лепење) со реномираниот светски бренд ТИП-ТОП и менување и балансирање на гуми на машини од познати и реномирани светски брендови.
  • Исправање алуминиумски и челични бандажи, на високо квалитетна и прецизна машина

Хотел за гуми

За секоја сезона хотелот за гуми ни стои на располагање како да се одржуваат и чуваат гумите по стандардизирани услови.

Складирањето треба да биде во согласност со таквите услови:

  • Во добро проветрена просторија, со сува и умерена температура, заштитена од директна изложеност на сонце и од лоши временски услови
  • Далеку од сите хемиски супстанции или јаглеводородни растворувачи
  • Далеку од предмети кои би можеле да ги оштетат гумите
  • Далеку од сите извори на топлина, пламен, жешки предмети, материјали кои што предизвикуваат искра или електрично празнење и сите извори на озон (трансформатори, електрични мотори, машина за лемење и слично)
  • Гумите се чуваат напумпани, во исправена или во лежечка положба

Зошто да се одлучите за нашиот хотел за гуми?

На своите клиенти им нуди да ги остават гумите во нашиот центар на чување по стандардизирани услови. Гумите кај нас се чуваат напумпани, во исправена или во лежечка положба, на суво и ладно место, далеку од сите хемиски супстанции или јаглеводородни растворувачи.

Како да се чуваат гумите во домашни услови?

Гумите треба да се чуваат вертикално подигнати на полица најмалку 10 см од подот. Со цел да се избегне оштетување, гумите треба да се ротираат еднаш месечно.Складирањето треба да биде во сува просторија со умерена температура, без директна светлина, далеку од хемиски супстанции.

Кога треба да се провери и напумпа резервната гума?

Резервното тркало треба да се проверува еднаш годишно, поради природно испуштање воздух.

Кога и зошто треба да се ротираат гумите?

Гумите треба да се ротираат приближно на секои 7.000 до 10.000 км. Предните гуми побрзо се трошат од задните, но ако често се менува нивната положба тогаш ќе има рамномерна потрошувачка и ќе се постигне максималниот век на траење. Други причини зошто да се ротираат гумите се: ако се слуша зуење, ако се вози често на долги релации и ако се носи тежок товар. После секоја ротација гумите треба да се балансираат.

Зошто да се проверува притисокот еднаш месечно?

Со оглед на тоа гумата природно губи малку притисок, тоа бара периодично допумпување. Проверка мора да се изврши на сите гуми. При притисок понизок за само 0,2 бари од пропишаниот, во град се троши до пет проценти повеќе гориво. Не е штетно ако притисокот е за 0,2 до 0,3 бари над пропишаниот. При поголемо отстапување се нарушуваат возните својства и профилот на гумата се троши неправилно.

Кога и зошто да се центрира возилото еднаш годишно?

Имајќи ги предвид условите на нашите патишта тимот на Олимпико препорачува подесување на геометријата еднаш годишно или на секои изминати 10.000 км. Нарушената геометрија на тркалата се манифестира и преку бегање на возилото од задената насока на движење, тресење при одредена брзина и нерамномерно трошење на пневматиците. Исто така проверката и подесувањето на геометријата на тркалата се прават задолжително после сообраќајна незгода, извршени лимаро фарбарски интервенции или по сервис на возилото.

Дали сакате да ги користите нашите услуги?